речник контакт

Парни Ваљак на Питијадата во октомври во Велес?

Планиранi се и групите Ван Гог и КРУГ трибјут ЕКВ

Петар Печков

Велес кој годинава е Град на културата в о Македонија, уште одрано ги започна подготовките за  настаните кој локална власт ги организира во оваа 2015-та година.   Така веќе е започната и процедурата за обезбедување на гостите на годинашнава Питијада, која ќе се одржи на 11-ти  октомври. 

Листата на потенцијални учесници е веќе составена , тоа се Парни Ваљак и Ван Гог. Тие треба да бидат главните ѕвезди а ќе има и други познати имиња. Сакаме уште отсега да  ги договориме, за да не  се случи истите пејачи бидат гости на други слични манифестации, сакаме да имаме изведувачи кои ќе настапат само кај нас - велат од  локанната власт, која ја организира манифестацијата.

 Додаваат дека не сакаат  да се случи и повтори како мината 2014-та да еден пејач, случајот со Жељко Јоксимовиќ, кој настапи во четири македонски града Скопје, Каменица,Штип и Кавадарци за само три месеци. Лани на Питијадата настапи хрватскиот бенд Прљаво Казалиште.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »